Со само 20 минути ангажман до 4 порции кремасто пире со јаткаст вкус! Времето на чекање не го сметаме, бидејќи за тоа време може да уживате во нешто друго како на пример омиленото кафе.

Готвиме и се забавуваме заедно! Ги правиме најдобрите рецепти, разговараме во живо и ги наградуваме најсреќните. Имаме 15 минути за презентација на убави јадења и размена на кулинарски искуства. Во втората емисија на кулинарското Ig Live шоу – 15 минути, @kocovska.marija и @katerina.shambevska ни приготви ја превкусен крцкав ослич и го сервираа со пире од грашок.
Гарантирано ќе уживате во нашиот рецепт за посно пире со спанаќ и бадеми кое е инспирирано од светот на вкусовите! Не е потребна голема вештина, потребно е само малку време и добра волја за да уживате во резултатот од овој брз и лесен рецепт. Декоративно и вкусно, хранливо за целото семејство, па беше бендисано и од уредниците на новото македонско списание Добра храна и се најде на една од нивните страници. Уживавме во соработката, а до нас стигнаа голем број позитивни критики, ви благодариме за тоа!
Новото пакување на инстант пирето од компири на Витаминка, ни беше инспирација за подготовка на нова и поинаква мусака, па неизбежно беше да го споделиме рецептот! Брзата мусака со пире од компири особено ќе им се допадне на понеискусните во кујната, кои сега може да направат вкусен и богат ручек за целото семејство со малку труд.
Сезоната на зимници ни пристигна на голема врата. Низ дворовите се шири прекрасен мирис на печени пиперки, ајвар, слатко и разни вкусни, овошни мармалади. А рецепти, има многу. Денес на блогот на Лана наидовме на рецепт за пикантен доматен сос и намаз „чатни“ по индиски рецепт, кој ни го привлече вниманието.
Постојат голем број на намирници кои може да се искористат на различни начини, но сигурно нема да ви падне на памет дека инстант пирето од компири е една од нив. Да, малите дехидрирани снегулки од компири може да се искористат на голем број начини, не само како брз и лесен прилог. Ви ги претставуваме нашите омилени предлози со инстант пире од компири, кои сигурно ќе ви бидат од корист.
Пирето е одличен додаток на многу јадења од месо, но може да го послужите и како главен оброк кога сакате да каснете нешто полесно. Подеднакво му се радуваат и децата и возрасните. Но, секако тоа важи само за совршено кремасто пире, а во спротивно, кога тоа е водлесто, лепливо и без вкус може да ни ја намали желбата за храна.
Есенските денови пристигнаа, а со тоа и сезоната на костените и нивниот мирисот по улиците. Без разлика дали се варени, печени или направени како пире, ретко кој може да им одолее. Ние направивме една супер комбинација и ги искомбиниравме со чоколадо и добивме чоколадно пире од костени! Пробајте, сензацијата од вкусови е неверојатна!