Пире од брокула 1

Пире од брокула

Здраво и вкусничко, убавина за сетилата! Во оваа прилика ви предлагаме да пробате домашно зелено и симпатично пире од брокула!

Во моментите кога наидувате на свежа и добра брокула или пак сте набавиле поголема количина и не можете да се сетите како поинаку би можеле да ја приготвите освен да направите супа, треба да отворите на нашата страница. Нашата пријателка Лана е многу креативна, па и во оваа прилика ни предлага одличен рецепт со уникатен вкус.

Пире од брокула 2

Состојки:

  • 1 главица брокула со средна големина (само цветовите)
  • 2 поголеми компири
  • 25 гр путер
  • околу 100 мл топло млеко
  • малку нарендано мускантно оревче
  • бел пипер по вкус (може и црн пипер за замена).

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на помали коцки, затоа што ќе се варат заедно со брокулата.
  2. Измиената брокула раздвојте ја на помали парчиња, а потоа ставете ја да се вари заедно коцките компири.
  3. Сварените брокула и компири, исцедете ги и убаво испасирајте ги.
  4. Додајте го парчето путер, топлото млеко и зачинете со малку од ренданото мускантно оревче и свежо мелениот пипер. Добро измешајте и сервирајте. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз здрав прилог од брокула со лук.

Сподели: