Летна крем салата со брокула 321

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Летна крем салата со брокула

„Ако сте расположени за вкусна промена и свежина на менито во топлите денови имам нов совршено вкусен рецепт за летна крем салата со брокула, која ќе ве освои!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Се прави брзо и лесно, испробана во мојата кујна! – додава Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Летна крем салата со брокула 2

Состојки:

  • 1/2 чаша обарена брокула
  • 1/2 чаша варен ориз
  • 180 мл павлака Natura cream од Mлекара Тетово
  • 1/2 лажиче лук во прав
  • 1-2 лажички свеж копар ситно сечкан 
  • сол и црн пипер по вкус.

*По желба 50 г бело сирење.

Подготовка:

  1. Обарената и исцедена брокула исечкајте ја.
  2. Исцедениот ориз додајте го во садот.
  3. Додајте ја павлаката и зачините, и добро измешајте.
Летна крем салата со брокула 3

Препорака од авторот:

Ако сакаш брзи лесни рецепти од мојата кујна разгледај ги следните:

И заследи ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Летна крем салата со брокула 4

Ви препорачуваме да прочитате и: 

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово. За сите новости, заследи ги Млекара Тетово на Instagram и Facebook

Сподели: