Гурманска брза салата

,,Оваа не е обична салата, туку е баш гурманска! Одлично е што може да се јаде засебно или да се мези со ракија или вино или друг алкохолен пијалак по избор. Па, ако сакаш да доживееш ново вкусно искуство, ти препорачувам да ја пробаш. Ќе се увериш дека нешто вака невообичаено како мојата гурманска брза салата може да ти се допадне и да стане дел од твоето креативно мени!”  – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

И додава: ,,Комбинацијата е баш нетипична за нашите простори и не очекувам да им се допадне на сите. Но знам, откако еднаш ќе пробаш, ќе добиеш идеи за своја варијанта, а тоа е мојата главна цел, да те инспирирам! Новите можности и вкусови секогаш будат ведрина, па пробувај и експериментирај.” 

,,Често пати ја правам дома во сличен состав, а овој пат инспирација за да го пренесам рецептот беше изненадувањето со пакет подароците од нашите пријатели Млекара Тетово за нашиот тим.” – дополнува Катерина, а за повеќе интересни рецепти од неа, погледнете го нејзиниот Инстаграм профил @katerina.shambevska.

Гурманска брза салата

Состојки:

а 1 порција:

  • 4-5 листови салатка, измиени и исцедени
  • 1/2 чаша сварен и исцеден наут
  • 1 лажица путер
  • сол, црвена пипер и нане по вкус
  • 10-тина бадеми
  • 2 смокви насечени на парчиња
  • 2 лажички Natura cream
  • 7 до 10 тенки и мали кришки Кораб биено сирење
  • 10-тина суви брусници
  • 10-тина гоџи бери бобинки (по желба).
салата

Подготовка:

  1. Прво подгответе го наутот. Во тавче на оган ставете го путерот на пониска температура, а штом се стопи додајте го наутот и зачините (сол, црвена пипер и нане по вкус). Оставете малку да се излади.
  2. Листовите салата насечете ги на средно крупни парчиња/ленти и ставете ги на средина во чинијата.
  3. Околу нив сервирајте го претходно припремениот наут, насечените смокви, бадемите и двете лажички Natura crem (декорирав со прстофат нане).
  4. Потоа распоредете ги брусницата, гоџи бобинките и тенките кришки биено сирење врз насечената салата. Брзо и лесно, на здравје!
Гурманска брза салата

Совети плус:

  • По желба може да изоставите или замените дел од состојките. На пример, наместо брусница, да ставите суво грозје или наместо предложениот крем, да ставите павлака или протеински јогурт, зависно од начинот на исхрана.
  • Ако сте љубите на поизразен киселкаст вкус, може да додадете лимонов сок.

Препорака од авторот:

Ако ви се допадна рецептот, разгледајте ги моите профили каде објавувам испробани рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:

Автор на рецепт и фотографии: Катерина Шамбевска Спасеновска@katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Крем салата и сос за сите сезони – брзо, свежо и вкусно.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: