Брз здрав прилог од брокула со лук 1

Брз здрав прилог од брокула со лук

Брокулата е многу интересен зеленчук кој нуди разни можности за подготовка. Можете да ја претворите во разни јадења или прилог и тоа на едноставен начин. Еден таков рецепт е овој кој го опишуваме подолу, со кој за многу кратко време ќе подготвите брз здрав прилог од брокула и може да го сервирате со омиленото месо.

Брокулата е богата со калциумжелезомагнезиум и значајни количини сулфур, кои му го даваат карактеристичниот мирис кои доаѓа до израз при готвење. Од групата на Б витамин, најмногу содржи Б9. Карактеристично е тоа дека содржи иста количина на витамин Ц како јужното овошје и пиперките. Изобилува со растителни влакна кои имаат важна улога во правилна работа на дигестивниот систем. Доста ефикасна е во лекувањето и третманот на лечење на инфекциите предизвикани од бактеријата Хеликобактер пилори (Helicobacter pylori) при што ги намалува тегобите и го скратува траењето на третманот. Повеќе за нејзината корист за здравјето прочитајте тука.

Ако сакате може да направите и вкусна крем супа, а рецептот ќе го најдете ако кликнете тука.

Брз здрав прилог од брокула со лук 2

Состојки:

  • 1 кг брокула
  • 5 мали чешниња лук (по желба може да ја намалите количината)
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • ½ лажиче сол
  • 300 мл телешка супа.

Подготовка:

  1. Брокулата разделете ја на цветови и ставете ја во тенџере.
  2. Додадете го исечканиот лук, маслото, путерот, солта и супата.
  3. Покријте го и ставете го да вари околу 10 минути.
  4. Вака подготвената брокула послужете ја како прилог на пржено месо или риба.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Уштипци со брокула.

Сподели: