инстант пире од компири

5 практични идеи со инстант пире од компири

Постојат голем број на намирници кои може да се искористат на различни начини, но сигурно нема да ви падне на памет дека инстант пирето од компири е една од нив. Да, малите дехидрирани снегулки од компири може да се искористат на голем број начини, не само како брз и лесен прилог. Ви ги претставуваме нашите омилени предлози со инстант пире од компири, кои сигурно ќе ви бидат од корист.

Пригответе крцкава риба или пилешко месо со инстант пире од компири

Ако за ручек или вечера сакате да направите крцкава риба или пилешко, време е да го искористите инстант пирето. Парчето месо ставете го во изматени јајца или млеко, а потоа извалкајте го во инстант пирето од компири. За јадењето да има уште подобар вкус, ви предлагаме да го користите инстант пирето од компири на Витаминка. На крај испржете го или испечете го по желба. Ќе добите совршено крцкаво јадење кое ќе му се допадне на секој!

инстант пире од компири

Направете овчарска пита со инстант пире од компири

Најпрво подгответе го инстант пирето според упатството на пакувањето. Кремастото пире може да го искористите за подготовка на популарната овчарска пита, а исто така да го искористите за декорација на различни јадења.

Инстант пире како замена за лебни трошки во ќофтиња и ролати од мелено месо

Еве уште една супер идеја која ќе му даде нов вкус на омилените ќофтиња и солени ролати од мелено месо. Наместо лебни трошки во смесата за ќофтиња додајте инстант пире од Витаминка. Тоа е идеална замена за лебните трошки, а посебно ќе им користи на лицата кои практикуваат исхрана без глутен.

Користете го како згуснувач за супи и сосови

Ставете неколку снегулки од пирето во блендер и ќе добиете прав од компири кој е одличен за згуснување на супи и сосови. Ова е една од главните придобивки на инстант пирето во споредба со нишестето или брашното, затоа што ќе добите супа или сос без грутки, со убава арома на компири.

Направете екстра крцкави прстени од кромид

Следен пат штом правите прстени од кромид, искористете инстант пире заедно со лебни трошки. Инстант пирето ќе им даде дополнителна крцкавост на топлите прстени од кромид.

Што треба да знаете при изборот на инстант пире од компири?

Пред да купувате инстант пире од компири, добро погледнете го пакувањето. Доколку пакувањето оштетено, потрудете се да најдете пире во добра амбалажа. Потоа проверете го рокот на траење. Секогаш купувајте производи кои имаат подолг рок на траење.

За да бидете сигурни дека пирето кое сте го купиле е со добар квалитет и вкус, изберете пире од проверени и веќе докажани брендови. Притоа, најдобро е да купувате од македонски брендови како што е Витаминка. Витаминка во своето 60 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти. Со тек на времето низ сите овие 60 години постоење и пропратно следење на стандардите, условите и потребите, Витаминка стана една од најсилните македонски компании и преставува вистински репрезент на квалитетни прехранбени производи. Затоа изберете инстант пире од компири од Витаминка и станете успешен експерт во вашата кујна!

Ви се допаднаа ли нашите идеи? Како го користите вие инстант пирето од компири?

Ви предлагаме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.

*Комерцијален текст

Сподели: