Декорација - ружа од тиквичка

Совршена декорација ружа од тиквичка

Ако посакувате посебно впечатлива декорација на вашата трпеза за некоја свеченост или било каков убав повод, пробајте да направите ружа од тиквичка. Тоа е интересен начин за да ги испробате своите вештини и да ја подобрите креативноста во кујната и сервирањето на храната.

Креирањето на декоративен производ од храна која се јаде е голем предизвик, затоа што го поттикнува нашиот ум на храната да гледа на малку поинаков начин од оној на кој сме навикнати секојдневно. Тиквичките се навистина здрава храна, но и фантастични за подобрување на изгледот на некое ладно јадење. Можат да се најдат во различни големини, облици и бои, а се делат на летни и зимски. Некои сорти на тиквички потекнуваат од Индија, а некои од Америка. Достапни се преку целата година, но тиквичките се најдобри во сезоната од крајот на мај, па се до август.

За овој период додека ги има во изобилие и имаат одлична цена на пазарите, ве советуваме да го испробате овој креативен предлог за декорација. Прекрасно изгледа, а ако го погледнете видеото и внимателно ги следите чекорите ќе се уверите дека секој може. Направете ја и вие својата совршена ружа од тиквичка и изненадете ги сите околу себе. Можно е и лесно, пробајте и ќе успеете да направите креативна декорација и вие!

Сподели: