Доколку ви останал леб од претходниот ден, не го фрлајте. Може да го искористите и да направите лебни трошки кои често се среќаваат во голем број рецепти при припрема на похувани јадења, ќофтиња, десерти.

Сувите кајсии се вкусна храна, корисни за добро здравје и изобилуваат со хранливи материи кои се задржуваат во нивниот состав и по сушењето. Сите здравствени придобивки од суви кајсии се значајни и му помагаат на организмот против голем број заболувања на кожата, косата, а исто така одлични се за организмот во целост.
Губењето на косата (алопеција) е чест проблем, кој е повеќе изразен кај мажите отколку кај жените, а може да биде предизвикан од многу фактори: генетски фактор, хормонален дисбаланс, кожна болест, проблеми со тироидната жлезда, недостаток на хранливи материи во исхраната, хроничен стрес, јаки бои и други хемикалии за коса, несакани ефекти на одредени лекови.
Ѓумбирот се применува во многу кујни поради специфичната арома и пикантно лутиот вкус, но исто така и заради неговите лековити својства. Може да се додаде во супи, маринади, главни јадења, десерти, или пак да се користи како зачин и природен конзерванс во храната. Повеќе од 2000 години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот.
Направете декорација на салфетка на многу лесен начин. Потребни и се само неколку минути за убаво и со стил да ја декорирате вашата трпеза со модерна креација. Бојата на салфетката можете да ја менувате според домашното уредување, темата на настанот, па можеби дури и според возраста на гостите. Во секој случај треба да внимавате да е соодветно на моментот и кај гостите да предизвика чувство на друштвена еуфорија.
Желбата за чисто и свежо лице ја има секој од нас, па ви предлагаме да ја пробате оваа домашна маска против акни. Има несекојдневен состав за домашна маска, но затоа резултатите и ефектот на чисто лице не изостануваат. Посебно е погодна за масна и комбинирана кожа, а потребно ви е да имате на располагање само две состојки, лимон и аспирин. На лесен и евтин начин, до чисто лице без акни!
Прекрасни чоколадни колачи со кокос, совршени за празнична трпеза! Обично ги подготвуваат за време на пости, или кога сакаат да се засладат со некој помалку калоричен десерт, а она што е важно е дека се подеднакво убави и со вода и со млеко, па слободно може да ја изберете својата омилена варијанта и вкус. Чоколадото може да биде бело или црно зависно од вашата желба, а исто така може да ги направите комбинирани, па да уживате во нивниот декоративен изглед.
Во последно време, лененото семе е многу популарно, a за тоа има голем број на причини. Лененото семе има силно антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза, го намалува нивото на холестерол и висок притисок. Препорачаните количини на ленено семе за здрави лица се 1 до 2 мали лажички на ден. Како се употребува лененото семе и кои се препорачаните дози при одредени здравствени проблеми ви откриваме во текстот кој следува.