Милкшејк од јагоди

Во периодот кога јагодите ги имаме во изобилство нема потреба да купувате сокови. Направете освежителен милкшејк од јагоди, во кој сигурно ќе уживате и ќе се освежите во топлите денови кои претстојат. А, комбинацијата од сладолед, млеко и јагоди сигурно ќе ви се допадне. 

милкшејк 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Јагодите исечкајте ги.
  2. Во блендер ставете ги јагодите, млекото, сладоледот, шеќерот и екстрактот од ванила. Состојките миксирајте ги за време од 30 секунди, додека добиете хомогена смеса.
  3. Подготвениот милкшејк од јагоди, по желба може да го декорирате со шлаг пена и чоколадни трошки. Послужете веднаш. На здравје!

Исто така ви предлагаме чашата во која ќе го служите милкшејкот да ја ставите кратко време во замрзнувач. За да може полесно да ги миксирате состојките, сладоледот оставете го на собна температура 5 до 10 минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: