смуди од јагоди

Освежително смуди од јагоди

Започнете го вашиот ден со освежителна и здрава комбинација од јагоди, ванила и коцки мраз, дополнета со млеко и јогурт. Сигурно и оние кои не појадуваат наутро, сега ќе бидат во искушение да го пробаат ова освежително смуди од јагоди.

Често пати се вели дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, кој ја дава потребната енергија за извршување на дневните задачи. А многумина наши пријатели ни кажеле дека повеќе пати се обиделе да појадуваат, но без успешно. Токму за нив го споделуваме овој рецепт за највкусното смуди од јагоди. Јагодите имаат ниска калориска вредност, а богати се со антиоксиданси, витамини од групата, како и витамин Ц. Познати се како овошје кое го помага слабеењето, ја одржува младоста и е супер храна за очите, мозокот и крвните садови.

Одвојте 2-3 минути и уживајте во вашиот освежителен пијалак полн со витамини и енергија.

смути од јагоди

Состојки:

  • 8 јагоди
  • ½ чаша млеко со мал процент на масти
  • ½ чаша јогурт
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 6 коцки мраз.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги јагодите, шејкот од јагоди, млекото, јогуртот, шеќерот и ванилата. Потоа, додајте го мразот.
  2. Миксирајте додека добиете кремасто смуди. Готовото смуди од јагоди ставете го во чаши и послужете го. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Милкшејк од јагоди.

Сподели: