Тестенините секогаш се повкусни доколку се послужени со сос. Доколку сте љубител на шпагети во сос од пармезан во комбинација со зачини, како кари, куркума и копар, тогаш ова е правиот рецепт за вас.

Состојки:
- 250 гр шпагети
- 25 гр путер
- 2 лажици пармезан
- по потреба сол
- 10 лажици кисело млеко
- 4 полни лажички мајонез
- 1/2 лажичка кари
- на врв на лажичка куркума
- 1/2 лажичка копар
- неколку капки табаско сос
Подготовка:
- Во солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.
- Во подлабок сад ставете го јогуртот, мајонезот и убаво измешајте ги.
Додајте ги зачините (кари, куркума, копар) и неколку капки табаско сос.
Посолете и убаво измешајте. - Откако шпагетите ќе се сварат исцедете ги, а во садот со шпагети додајте ги путерот и пармезанот. Измешајте ги шпагетите додека путерот се растопи, а потоа префрлете ги во садот со сосот и повторно измешајте за да се соединат состојките. Приготвените шпагети во сос од пармезан и зачини послужете ги додека се топли.
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска