Она што е хит на интернет и што е вкусно, мора да се испроба! А таков е и овој рецепт. Станува збор за малку поразлична мусака од свежа зелка. Извонредно вкусна комбинација која вреди да се проба.
Македонската кујна е богата со голем број на традиционални и убави рецепти. Таков е и овој рецепт за сарма од свежа зелка. Нашите баби беа вешти и ја приготвуваа оваа сарма во есенскиот период – во посна и мрсна варијанта, зависно од вкусот. Додека ја чекаме киселата зелка, може да уживаме во вкусот на сармата и со свежа зелка. Постапката за подготовка е малку поразлична, затоа што зелката прво се вари со оцет и вода, а потоа листовите се вадат.
Убавината е во едноставноста! – Често пати ни се случува фрижидерот да ни е полн со храна и тоа добра, вкусна и освежителна, но да не знаеме како да ја искористиме. Токму за тоа станува збор во овој рецепт. Ви предлагаме една помалку секојдневна комбинација на состојки, претворена во свежа салата со пченка и неколку зеленчуци во различни бои.
Пролетта и Велигденските празници се време од годината во кое сите ние посебно уживаме! Пазарите стануваат шарени и богати со разни бои кои го слават животот и ги симболизираат убавите нешта во него! А ние, кога ќе ги видиме сите тие убавини, веднаш помислуваме да креираме некој интересен и многу вкусен рецепт, па овој пат во пресрет на еден од најголемите христијански празници, ви предлагаме да си направите велигденска свежа салата!
Од најмлади до највозрасни, сите кои ја пробаа нашата свежа летна салата со ленено масло се воодушевија комплетно! Сите тие уживаа во вкусот, а ние уживавме во нивните реакции и емоции на задоволство, па едвај чекаме да се собериме пак, за што поскоро одново да се радуваме и вкусно да се забавуваме!