Пролетна свежа салата со прелив од мајонез и павлака

Пролетно освежување и полна вкусна чинија на трпезата! Пробајте го нашиот нов рецепт за пролетна свежа салата со прелив од мајонез и павлака.

Можеби досега не сте пробале ваква комбинација, а ние гарантираме дека ќе ви се допадне. Домашниот прелив од мајонез потсетува на сосот за цезар салата, а тоа е доволна причина за да го направите во првата прилика.

пролетна свежа салата

Состојки:

  • 2 домати
  • 1 краставица
  • ½ главица црвен кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 3-4 роктвици
  • ½ лута пиперка по желба
  • млад кромид и гранче свеж магдонос за декорација.

За прелив со мајонез:

  • 1 лажица бела винска киселина
  • ¼ чаша мајонез
  • ½ чаша кисела павлака
  • 2 лажици магдонос
  • сол по вкус
  • мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Доматите измијте ги и исечете ги на осминки.
  2. Краставицата добро измијте ја и излупете ја по желба. Потоа исечете ја на тенки кругови.
  3. Кромидот исечкајте го на мали коцки.
  4. Пиперката и ротквиците исечете ги на ленти.
  5. Во длабок сад ставете ги сечканите домати, краставицата, кромидот, пиперката и ротквиците. Измешајте ги со лажица. По желба во садот додајте ситно сечкана лута пиперка.
  6. Во мал длабок сад ставете го мајонезот, киселината и павлаката. Измешајте ги состојките со лажица.
  7. Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во садот со мајонезот. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте го сосот додека се добие хомогена смеса.
  8. Вака приготвениот сос додајте го во садот со зеленчуците и измешајте.
  9. Готовата свежа салата со прелив од мајонез ставете ја во чинии. Декорирајте ја со сечкан млад кромид и гранче свеж магдонос, а потоа послужете ја. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Капрезе салата со рукола, маслинки и песто.

Сподели: