Оброк салата од салатка, јајца и пченка 1

Оброк салата од салатка, јајца и пченка

Топлото време е совршено за нашата оброк салата од салатка, јајце и пченка! Вкусот и е полн со свежина. Најадува и богата е со многу витамини, минерали и протеини. Се прави брзо и лесно, испробана во нашата кујна, топло ја препорачуваме!

Предложената доза е соодветна за 2 лица. По желба може да ја менувате количината на некоја од состојките.

Оброк салата од салатка, јајца и пченка 2

Може да ве интересира: Која зелена салата е најздрава?

Состојки:

За салата:

  • 8-10 листови салатка, зависно од големината
  • 4-6 варени јајца по желба
  • 1/2 чаша обарена и исцедена пченка
  • 30-50 потврд кашкавал или биено сирење за рендање
  • лута крупно мелена црвена пипер.

За прелив:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет балсамико
  • сол по вкус
  • 1/2 лажиче сенф.

Подготовка:

  1. Салатката измијте ја и листови оставете ги кратко да се потсушат. Исечкајте ја ситни парчиња.
  2. Состојките за преливот измешајте ги добро, а потоа преливот турете го врз исечканата салатка. Лесно промешајте.
  3. Во средината направете мала вдлабнатина и во неа ставете ја претходно обарената пченка.
  4. Варените и изладени јајца наредете ги околу пченката во круг. Може да бидат сечени на кругови со дебелина од 7-8 милиметри, да ги оставите на половинки, или да ги насечете по желба.
  5. На крај поросете со ренданото биено сирење и лутата црвена пипер. Не само што ќе додадат вкус, туку и изгледот на салатата станува уште попривлечен. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Свежа салата со марула, краставица и јајце.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: