Обожавате ли свежа зелена салата? Достапни ни се повеќе зеленуци кои можеме да ги вметнеме во оваа категорија. Особено се добредојдени во летниот период, затоа што освежуваат, а богати се со витамини и минерали. Но, некои од нив имаат повеќе хранливи состојки, па затоа рековме да ја направиме оваа листа. Започнуваме од место број 5, па се до победникот во оваа категорија.
Ајсберг зелена салата
Иако има речиси висока цена, ајсберг зелената салата не е на прво место. Таа има мал број на калории (една чаша сечкана ајберг салата има само 8 калории, во споредба со руколата која има 28 или кељот кој има 33). Што се однесува со хранливите состојки можеме да речеме дека е неутрална и богата со многу вода.

Рукола
Богата е со витамин А, кој е значаен за здравјето на коските и мозокот. Исто така е богата со железо. Како храна е идеална за спортисти, затоа што железото им помага на црвените крвни клетки во транспортот на кислород до мускулите. Најдобро е да ја јадете свежа во салата со малку маслиново масло.
Може да ве интересира: Рукола – лековита билка и одлична салата.
Марула и салатка
Марулките се богати со витамините К, Ц и А кои го зајакнуваат имунитетот. Направете салата и послужете ги со зелени пиперки, кромид, маслиново масло и фета.
Спанаќ
Сигурно го очекувавте здравиот спанаќ меѓу „финалистите“ во оваа група. Тој е богат извор на железо и манган кои се важни за здравјето на коските и кожата, а делуваат и антиоксинадантно. Спанаќот е богат и со фолна киселина која е поврзана со формирањето на црвените крвни клетки, а се препорачува и за трудниците (фолната киселина е значајна за невролошкото формирање на плодот).
Кељ
Првиот место го доделивме на кељот. Изобилува со хранливи состојки, а е одличен извор на калциум, витамините А и Ц, калиум, железо и манган.
Ви предлагаме да прочитате: Свежа летна салата со ленено масло, просо и семиња.