рецепт за свежа салата

Свежа салата со марула, краставица и јајце

Здрава, свежа салата којa може да ја послужите како додаток на ручекот или да ја консумирате за вечера. Оваа свежа салата со марула е една од нашите омилени со вкусен прелив од јогурт, па со задоволство ја споделуваме со вас.

Потрагата по здрави и вкусни рецепти е наш приоритет и императив, па повелете уште еден вкусен и здрав рецепт. Неговиот хранлив состав е креиран специјално за да се чувствувате енергично и исполнети со свежина во текот не целиот ден. Изобилува со свежи намирници кои му обезбедуваат витамини, минерали и растителни влакна на организмот, како и корисни протеини и пробиотици.свежа салата со марула и краставици

Состојки:

  • 7-8 листови марула
  • ½ краставица
  • 1 варено јајце
  • 50 грама рендано сирење.

За прелив:

  • 50 мл јогурт
  • кари, куркума, мелен црн пипер
  • свеж сок од ½ лимон
  • хималајска сол по вкус.

Подготовка:

  1. Листовите марула измијте ги и исечкајте ги на ленти.
  2. Краставицата излупете ја и исечете ја на кругови.
  3. Јајцето излупете ги и исечете го на кругови.
  4. Во мал длабок сад ставете го јогуртот, додајте го сокот од лимон и зачинете со кари, куркума и мелен црн пипер. Измешајте ги состојките и посолете по вкус.
  5. Марулата измешајте ја со сосот од јогурт.
  6. Во чинија за сервирање ставете ја марулата, покрај неа наредете ги круговите краставица, а од другата страна ставете го сечканото варено јајца.
  7. Врз марулата ставете го ренданото сирење. Готовата свежа салата со марула послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Салата со марула, брускети и пармезан со сос од јогурт.

Сподели: