салата со семиња 1

Свежа кремаста салата со семиња за 10 минути

Ем свежо, ем кремасто! Пробајте ја нашата брза и свежа кремаста салата со семиња. Одлична е за разни прилики, од обични пригоди до свечени прослави! Матури, родендени, имендени и куќни слави, сите тие се „адреси“ на кои може да ја сервирате! 

Да ви дадеме идеја плус, освен како брзо и превкусно мезе, често пати ја користиме и како оброк за на работа. Вкусот трае, а и хранлива е. Инспирацијата дојде во еден момент кога требаше да припремиме нешто брзо, па разгледавме по полиците дома, посегнавме по семињата на Natura и направивме совршено добра салата за сите генерации!

салата со семиња 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Најпрво сварете го просото во поголема количина на вода, а потоа исцедете го.
  2. Во меѓувреме издробете го или изрендајте го сирењето. Краставицата измијте ја, излупете ја и исечете ја на ситни коцки.
  3. Во поголем сад ставете го претходно припременото просо, сирењето и краставицата. Додајте ги чиа семето, интегралниот сусам и лупениот сончоглед. Малку измешајте.
  4. На крај додајте ја и павлаката и измешајте убаво додека сите состојки се соединат и се оформи изедначена смеса. Сервирајте и на здравје!

Во продолжение погледнете ги фотографиите со нашите идеи за различно сервирање, а наскоро ќе следат и подетални насоки!

солена торта и салата 2 салата со семиња 3

Ви препорачуваме да прочитате: Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња.

Сподели: