Нашите пријатели од Натура нѐ инспирираа, па со мерак и радост ги направивме и ги споделуваме со вас! Посни, крцкави и многу вкусни Велигденски зајачиња со 5 семиња во својот состав!
Идејата потекна од едно интересно паковање на семиња, односно кутија која се добива како подарок, а на неа пак, имаше испробан рецепт за посни Натура крекери. Наша желба беше да ги направиме празнични и во форма на Велигденски зајачиња, па ви предлагаме, доколку можете и вие да го направите истото. На фотографиите можете да го видите паковањето кое го набавивме за да ни се на располагање 5-те семиња за да ги направиме крекериве, а лесно може да ги најдете во поголемите маркети. Рецептот може да го прочитате веднаш, а ако веќе ги правите, препорачуваме да ги фотографирате и испратите во порака кај нас, па да станете потенцијален добитник на една од 10-те награди!
Повеќе за наградниот натпревар може да прочитате тука, а албумот со досегашните учесници може да го погледнете на овој линк.
Состојки:
- 100 гр интегрален сусам Натура
- 100 гр лупен сончоглед Натура
- 75 гр семки од тиква Натура
- 100 гр ленено семе Натура
- 100 гр чиа семе Натура
- 1 чаша масло за готвење
- 1 чаша интегрално брашно
- 1 чаша ржано брашно
- 1 чаша пиво или кисела вода
- 1 лажица сол
- 1 кесичка печиво.
Подготовка:
- Сите состојки убаво измешајте ги во поголем сад за месење.
- Замесете тесто, а потоа од него, со помош на сукало исукајте кора со дебелина од 1 см.
- Со помош на калапи формирајте ги велигденските зајачиња, аако немате калапи направете форми по желба, на пример со чаша.
- Посните Велигденски зајачиња се печат околу 20-25 минути, на температура од 200 степени.
Натура е твој верен пријател, живеј здраво!
*Комерцијален рецепт.
Ви препорачуваме да прочитате: Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!