Во есенските месеци не смеете да пропуштите да уживате во овие неколку намирници! Највкусни се во овој период од годината!
Семињата може да ги најдеме во различни бои, големини и форми. Благодарените на својот нутритивен состав, семињата се сметаат за најдобрата храна. Тие се исклучително богати со витамини и минерали, протеини, есенцијални масла и ензими. Ако сте во потрага по висококвалитетна храна, која ќе го зајакне имунитетот, ќе ви помогне да го намалите вишокот на килограми и холестеролот во крвта, тогаш овие семиња треба да се дел од вашата секојдневна исхрана.
Ако сте трагач по витка линија или едноставно посакувате одлично здравје за себе, ви нудиме рецепт кој е нискокалоричен, а ќе ве заслади и здраво ќе ве нахрани. Овој прекрасен колач од тиква доаѓа од нашата кујна и специјално го креиравме без шеќер и без глутен за да може да го проба секој кој ќе посака и секој кој се грижи за своето здравје.
Мирисот и вкусот на печената тиква се симбол на есента. И покрај тоа што припаѓа во групата на зеленчуци, тиквата често пати таа има благ вкус и може едноставно да се припреми како нискокалоричен здрав десерт кој не се содржи додаден шеќер и масти, а нуди можности за експериментирање и збогатување на вкусот.
Кој би рекол дека од толку едноставни состојки може да се креира нешто толку елегантно и вкусно, нели? На страницата на нашата пријателка trydiani го откривме прекрасниов рецепт за подготовка на модри патлиџани на португалски начин и знаејќи дека во нашите домови овој начин на подготовка не е толку познат, го споделуваме рецептот да биде достапен за сите нас.
Ако често имате потреба да грицнете нешто здраво, изберете семки од тиква. Изобилството од магнезиум, манган, бакар, протеини и цинк, ги прават семките од тиква хранливи грицки во мало пакување. А бидејќи нема потреба да се чуваат во фрижидер, семките од тиква претставуваат одлична ужина која можете да ја понесете насекаде со вас.