Освежува, го детоксицира телото и е прав еликсир за летниот период! Токму вака можеме да ја опишеме вкусната детокс лимонада со праски и зелен чај која ја подготвивме во нашата кујна.
Липата е листопадно дрво со широка крошна, висока до 25 метри и најчесто цвета во јуни. Кај многу народи, топлиот чај од липа се користи како лек за многу здравствени проблеми. Како што кажува легендата, зраците на сонцето се во цветовите на липата, па затоа по испиениот чај од липа, сонцето влегува во нашиот организам. За липата е познато дека е најдобриот борец против стресот.
Искористете го целиот лековит потенцијал на овој популарен зачин! Освен широката припрема во кулинарството, кимот заслужено има место и во многу природни лекови. Во овој случај, со многу едноставна постапка може да направите лековит чај од ким и лесно да се „спасите“ од тегобите кои ги носи променливото време без да посетувате аптека!
Дали ја сакате вашата шолја за кафе или чај? Оние керамички во кои понекогаш со часови го пиеме омиленото кафе, чај или топло чоколадо… Со шолјите се поврзани моментите на уживање – мир, читање на книги… Па, ако вам или на партнерот ви се драги, зошто да не ги персонализирате по свој вкус? Направете елегантна декорација на шолји, за само 5 минути.
Постојано внимавате на себе, убаво се облекувате, редовно ги миете рацете, проветрувате, се одмарате, избегнувате гужви, но сепак грипот и настинката не ве избегнале? Досадните симптоми на грип и настинка може да се појават кога најмалку ги очекувате и да ви причинат дополнителна нервоза. Никој не сака да се разбуди со затнат нос и болно грло, но вирусите не чекаат покана.