Прокељот е мал зелен зеленчук кој по својот изглед потсетува на минијатурна зелка. Претставува значаен извор на протеини, растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси.

Витаминот Ц, уште познат како аскорбинска киселина, припаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Тој е потребен за нормален раст и развој, учествува во обновата на ткивата во сите делови од телото, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок.
Ако често имате потреба да грицнете нешто здраво, изберете семки од тиква. Изобилството од магнезиум, манган, бакар, протеини и цинк, ги прават семките од тиква хранливи грицки во мало пакување. А бидејќи нема потреба да се чуваат во фрижидер, семките од тиква претставуваат одлична ужина која можете да ја понесете насекаде со вас.
Превенцијата е подобра од било кој лек. За да може вашиот организам успешно да се бори против вирусите и бактериите кои најчесто од есен до доцна пролет го напаѓаат телото, потребно е да имате силен имунитет. Најобичните настинки укажуваат дека имунитетот е намален, па затоа е потребно што поскоро да се преземат мерки за да се подобри имунолошката состојба.
Стрес, настинка, прекумерно изложување на сонце или студ, грип се дел од причините кои може да го активираат вирусот херпес. Доколку еднаш се заразите со вирусот херпес симплекс, вие станувате негов носител целиот свој живот. Тој живее во нервните клетки и може повторно да избие кога постои причина за да го активира.
Прополисот е природна храна и лек кој му помага на организмот на бројни начини, а тоа е познато со векови наназад во народната медицина. Доколку имате проблем со имунитетот, често настинувате или имате болки во грлото, пчелиниот прополис е одлично решение за подобро здравје. Прочитајте како да ја искористите неговата моќ.
Бананите се овошно задоволство кое ни е достапно преку целата година, а може да ги наречеме чувари на нашето здравје. Бананите водат потекло од југоисточна Азија, џунглите на Малезија, Индонезија и Филипините. Нивниот вкус и одличниот нутритивен состав, ги поттикнале луѓето насекаде низ светот да одгледуваат банани и да произведуваат над 105 милиони тони годишно.
Ѓумбирот се применува во многу кујни поради специфичната арома и пикантно лутиот вкус, но исто така и заради неговите лековити својства. Може да се додаде во супи, маринади, главни јадења, десерти, или пак да се користи како зачин и природен конзерванс во храната. Повеќе од 2000 години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат поради неговите моќни дејства врз организмот.