Малата витаминска бомба рибизла за јак и чист организам 1

Малата витаминска бомба рибизла за јак и чист организам

Тешко е да се поверува дека во еден така мал и кревок плод како што е малата витаминска бомба рибизла може да има толкаво изобилство на витамин Ц. Рибизлата е овошје кое го зајакнува и го чисти организмот. Ја регулира работата на цревата, го забрзува опоравувањето после заболувања, а може да помогне и при тегоби предизвикани од реуматски болести и ишијас.

Рибизлата е бобинкасто овошје чиј плод има минијатурна големина, а наликува на грозје. Плодовите можат да бидат црвени, бели или црни, зависно од врстата. Црната обично е погорчлива од другите две, а црвените и белите имаат освежитело сладникаво-киселкаст вкус.

Рибизлата е исклучително богата со витамин Ц, така што во 100 грама содржиполовина од дневната доза која е потребна за човечкиот организам. Интересно е што, за разлика од повеќете овошја каде со преработката се губи најголем процент од витаминот Ц, при подготовката на разните сокови и пекмези од рибизла се зачувува многу поголема количина. Исто така, рибизлите содржат и органски киселини, пектин и танини.

Малата витаминска бомба рибизла за јак и чист организам 2

Црвената боја на ова ситно овошје потекнува од каротинот, провитаминот А, кој ја штити слузокожата и ја помага размената на материите во клетките. Рибизлата содржи и витамин К, кој учествува во регулирање на вградувањето на калиум во коските, а го потттикнува и згрутчувањето на крвта.

Рибизлите е добро да ги јадете во случај на грип, зарипнатост, гихт, реуматски болести, анемија и општ недостаток на витамини или ослабен имунитет, бидејќи го зајакнува организмот. Се препорачуваат и при чир на дванаесетпалачното црево и желудникот, гастритис и намалено ниво на желудочни сокови. Со неколку збора, одлични се за дигестивниот систем.

Рибизлите се препорачуваат и во исхраната на потполно здрави луѓе, како и заболени од бубрежни заболувања и разни инфекции. Тие ја помагаат детоксикацијата на организмот во голема мера, а се користат и како помош при менструални тегоби и за подобра плодност, кое тврдење доаѓа од домородните племиња во Америка, каде и денес како дел од народната традиција се користи за подобрување на женското здравје и зголемување на плодноста.

Во народната медицина се користи чај од листовите на црвена рибизла кој се препорачува при заболувања на црниот дроб, срцето и крвните садови, додека мешан чај од корен и листови на рибизла делува поволно при воспаленија на бубрезите и мочните патишта.

Ви препорачуваме да прочитате: Аронија – најздравото овошје на светот.

Сподели: