Избор на слатки и солени рецепти за Св. Валентин 1

Избор на слатки и солени рецепти за Св. Валентин

Во пресрет на Св. Валентин и Св. Трифун, иако секој избира кој сака да го слави, не постои таков човек кој не би сакал задоволството да го залее со чаша вино и да го надополни со вкусно мезе или избран десерт по свој вкус. По тој повод, припремивме специјална листа на избрани слатки и солени рецепти за Св. Валентин. Се надеваме ќе уживате во предлозите!

ликер од црвено вино

Ликер од црвено вино

Дали знаете дека потребни ви се само три состојки за да направите фантастичен ликер? Можеби чудно звучи, но ликерот од вино е божествен пијалак кој може да ви ја затопли душата и телото.

природен ликер од ментол

Природен ликер од ментол

Направете си домашен ликер од ментол и овозможете си вистинско уживање со пријателите и пријателките! Вкусот е одличен, а освен со нане можете да експериментирате и да пробате да направите ликер и со други миризливи тревки.

маргарита-кокотел

Маргарита – најпознатиот коктел од текила

Маргарита е светски познат коктел кој што води потекло од Мексико, а кој се прави со текила, Cointreau или сличен ликер со вкус на портокал и сок од зелен лимон. Овој коктел се служи во чаша чиј горен крај е прекриен со слој од сол. Коктелот може да се послужи со коцки мраз или бледниран мраз.

колачи со вишна

Чоколадни колачи со вишна

Ги обожавате ли малите чоколадни бомбони полни со вишна и ароматичен ликер? Ако вашиот одговор е да, сега ќе може и дома да си направите чоколадно уживање со вишни. Чоколадните колачи со вишна имаат богат вкус и изглед, а брзо се припремат.