колачи со вишна

Чоколадни колачи со вишна

Ги обожавате ли малите чоколадни бомбони полни со вишна и ароматичен ликер? Ако вашиот одговор е да, сега ќе може и дома да си направите чоколадно уживање со вишни. Чоколадните колачи со вишна имаат богат вкус и изглед, а брзо се припремат.

Може да ги направите штом ви се каснува нешто благо, но се одличен предлог како визитарски колачи за посните свечени трпези.

чоколадни колачи со вишна

Состојки:

  • 200 гр чоколадо
  • 6 лажици масло
  • 20 вишни од слатко, компот или вишновка ликер
  • 50 мл ликер од вишна (вишновка)
  • 50 гр шеќер во прав

Подготовка:

  1. Во сад на пареа растопете го чоколадото со маслото.
  2. Клапчињата за колачи обложете ги со 3 слоја чоколадо, така што при секое премачкување оставете секој слој да се стегни.
  3. Во сад ставете го шеќерот во прав и ликерот. Мешајте се додека шеќерот убаво се растопи.
  4. Во секое чоколадирано калапче ставете по една вишна и со мало лажиче дополнете од зашеќерениот ликер. На крај, затворете ги пралините со слој чоколадо.

Рецептот го испратил: Клара Бос

Сподели: