Боранијата може да се најде во различни врсти и бои, но сите се здрави, било да е подготвена во манџи или салата. Таа е нискокалорична, но затоа е богата со растителни влакна и протеини. Само една чаша боранија содржи доволно протеини за цел ден.

Некои витамини и минерали се посебно делотворни и ја зајакнуваат кожата и косата, како и целокупното зачувување на младоста и енергијата на телото. Сигурно е дека никој не може да остане вечно млад, но ако добро се храните и редовно ја негувате надворешно кожата на лицето, ќе бидете младолики и убави што подолго.
Морските алги ја носат во себе енергијата на морињата и океаните. Тие се сметаат за супер храна, бидејќи се богати со хранливи состојки, а се природен лек за многу здравствени проблеми. Доволно е мала количина на морски алги да се внесе и да ја задоволи потребата на многу витамини и минерали кои се неопходни за добро здравје.
Не без причина урмите се нарекуваат пустински леб! Ако имате потреба да каснете нешто слатко и желба за благо, најлесно и најздраво можете да ги задоволите вашите апетити доколку изберете урми. Исклучително вкусни, урмите се едно од најпопуларните овошја спакувани со импресивна листа на есенцијални хранливи материи, витамини и минерали кои се неопходни за нормален раст, развој и благосостојба на организмот.
Мушмулата потекнува од југозападна Азија и југоисточна Европа, а во Германија први ја донеле Римјаните, кои меѓу првите ги откриле нејзините благодети многу одамна, а постојат записи уште пред 2000 години п.н.е. за ова невообичаено овошје. Латинскиот назив за мушмула е Mespilus germanica што во превод значи германска мушмула. Во 1990 година во Северна Америка е откриена и Стернова мушмула, позната како Mespilus canescens.
Лешниците се омилените јаткасти плодови на многумина, а препознатливата арома и вкус овозможува тие да се користат на многу начини. Долго време, лешниците се познати и користени не само како храна, туку и како дел од различни ритуали и прослави. Лешникот се смета за симбол на плодноста и во минатото често се користел како важен детал на свадбените свечености.