Риба за долговечност и добро расположение

Лекарите и експертите за здрава храна често ја повторуваат препораката дека порција риба треба да биде што почесто застапена на трпезата. Тоа што рибата ја прави посебна како храна е фактот дека таа содржи малку калории, а доста корисни состојки кои му се потребни на организмот.

Рибата, освен што содржи здрави масти, драгоцени за заштита од кардиоваскуларните болести, борбата против стресот и подобрување на концентрацијата, претставува и богат извор на минерали. Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната риба содржи помало количество на натриум и јод.

Докажано е дека рибиното месо и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана ја намалуваат веројатноста за настанувањето на инфаркт, ги штитат коските, го спречуваат настанувањето на ракот и го успоруваат процесот на стареење.

риба

Рибиното месо делува како лек против следните болести: акни, анемија, анкциознот, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губење на помнењето, депресија, импотенција, некои видови на рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, предменструален синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен замор, намалено ниво на триглицериди во крвта, стрес, го успорува процесот на стареење и при хипертензија.

Процентот на маснотии варира кај различните видови, а според тоа се разликуваат: немасна риба со помалку од 2% липиди (како бакалар, ослич), малку масна со 2-5% липиди (сардина, пастрмка), полумасна која има од 5 – 10% липиди (туна, сабјарка) и масна со повеќе од 10% липиди (лосос, скуша, јагула). Масните риби се побогати со омега 3 масни киселини, кои имаат големо влијание на телесните функции. Неодамна едно американско истражување покажало дека редовното консумирање риба може за половина да го намали ризикот од инфаркт. Освен тоа, постои врска помеѓу конзумирањето риба со омега 3 масни киселини и депресијата: некои истражувања покажаа дека масните состојки во рибите му помагаат на мозокот подобро да го користи серотонинот, хормон кој позитивно делува на расположението.

Автор: Снежана Андоновска

Ви предлагаме да прочитате: 19 идеи за гарнирање на риба.

Сподели: