19 идеи за гарнирање на риба 1

19 идеи за гарнирање на риба

Може да се каже дека сервирањето на риба во нашите домаќинства се смета за мала потешкотија, а тоа го дознавме од повремените пораки кои пристигнуваат до нас во врска со интересни идеи за гарнирање на риба. Така, инспирирани од вас, се надеваме ќе одговориме добро на вашето барање и ќе бидете задоволни од предлозите.

Комбинацијата на компир, ориз и зеленчук може да даде фантастични вкусови, погледнете ги рецептите и идеите кои ви ги припремивме.

19 идеи за гарнирање на риба 2

Имате повеќе можности за вкусно гарнирање на риба:

  1. Брза и најлесна идеја за гарнирање на рибата е можноста која секогаш е прва, а тоа е сервирање на риба со лимон, посебно ако станува збор за мрсна риба, а исто така  општо е познато дека рибите одлично одговараат со маслинки.
  2. Печени компири се прилог кој лесно се припрема, па ви нудиме две идеи: Печени компири со лук и рузмарин и Печени компири на медитерански начин (кликнете врз рецептот кој ве интересира).
  3. Посни ќофтиња од компири и ориз, за рецептот кликнете тука.
  4. Лесна салата од компир со кромид (компирите се варат и се сечат на парчиња, се зачинуваат со сол, киселина и масло, а кромидот се додава сечен на кришки и внимателно се меша.
  5. Компир салата со прелив од кисело млеко, рецепт тука.
  6. Бела крем салата со компир и мајонез, рецепт тука.
  7. Ермоса салата со компири, корнишони и моркови, рецепт тука.
  8. Салата со компири, кромид и сирење, рецепт тука.
  9. Салата од компири, праз и целер, рецепт тука.
  10. Пире од компир и блитва (може и спанаќ) – Медитеранската кујна има еден интересен обичај на гарнирање, варен и пасиран компир измешан со варена и уште подобро блендирана блитва. Се добива кремаста смеса со интересен изглед, а посебно е погодна за гарнирање на морски риби, лигњи и слично.
  11. Рестован компир со тиквичка, погледнете го рецептот тука.
  12. Уникатна идеја може да биде и похован карфиол. Измиениот карфиол прво се вари за да омекне. Потоа гранчињата се сечат, по можност да се следи линијата на гранчето за да се добијат убави парчиња. Исцедените парчиња се ставаат прво во брашно, па во маткани јајца и на крајот во лебни трошки, по што се пржат во поголема количина на масло со цел да се зачува формата.
  13. Друга идеја од карфиол може да биде во печена форма. Пожелно и вкусно е кога се додадат и моркови. Сварените моркови и карфиол се сечат на парчиња/кругови и се ставаат во сад за печење. Се зачинуваат со малку бело вино, вегета, црн пипер, може и малку црвена пипер (рузмарин по желба, дава поебна арома), а од горе се става сусам и се пече додека не испари виното, односно додека не добие убава боја.
  14. Посна салата од ориз, леќа и печурки, за рецепт кликнете тука.
  15. Посен ориз со спанаќ, погледнете го рецептот тука.
  16. Салата од ориз и зеленчук, рецепт тука.
  17. Посен ориз со печурки, кликнете тука за да погледнете како да го направите.
  18. Кремаст прилог од ориз и моркови, повелете рецепт.
  19. Најдоброто рижото со зеленчук,  а еве рецепт како се прави.

Се надеваме ќе уживате секој пат во различен вкус. На здравје!

Сподели: