салата од компири

Салата од компири, праз и целер

Со едноставни состојки направете вкусна салата од компири, за која нашата пријателка Лана од блогот Kuhnica Mignone вели дека штом еднаш ќе ја направите, ќе се заљубите во неа со првото залаче, баш како неа. Идејата за рецептот ја добила од нејзината драгата комшивка Зоки, а ни предлага скара, печено месо или топло печено лепче како комбинација со оваа салата.

Ајде да ја пробаме!

салата од компири

Состојки:

  • 500 гр варени компири
  • 1 поголем корен од целер (200 гр)
  • 1 праз
  • 400 мл кисела павлака
  • 200 мл мајонез
  • малку лимон
  • сол
  • бел пипер.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и ставете ги во тенџере. Во тенџерето ставете ладна вода, додајте сол и сварете ги компирите. Сварените компири извадете ги од тенџерето и оставете ги да се изладат, а потоа исечете ги на ситни коцки. Техниката за најдобро варење на компири за салата прочитајте ја тука.
  2. Празот ситно исечкајте го, а коренот од целер излупете го и изрендајте го на ситната страна од рендето. Ренданиот целер може да го попрскате со лимонов сок за да не потемни.
  3. Во длабок сад ставете ги варените компири, ренданиот корен од целер, исечканиот праз, киселата павлака, мајонезот, посолете и зачинете со мелен бел пипер. Добро измешајте ги состојките и садот ставете го фрижидер за да се излади салатата.
  4. Изладената салата од компири послужете ја со парчиња лимон. Добар апетит!

Сподели: