Кремаст прилог од ориз и моркови

Кремаст прилог од ориз и моркови

Ако сакате вашето јадење да има прекрасен и потполн вкус богат со витамини и хранливи материи, искористете го фантастичниот предлог на Клара за кремаст прилог од ориз и моркови. Може да го комбинирате како прилог со пилешко месо, стек, кременадли или пак риба. Вкусот е многу прилагодлив!

Во рецептот користевме ориз со долго зрно, а доколку немате таков можете да го пробате рецептот со поинаков ориз.

Кремаст прилог од ориз и моркови

Состојки:

  • 125 гр ориз со долго зрно
  • 500 гр моркови
  • 7-8 ливчиња свеж босилек
  • 1 лажиче мешавина италијански зачини
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • малку сол и црн бибер
  • 400 мл павлака за готвење.

Подготовка:

  1. Најпрво во зовриена и малку посолена вода ставете го оризот да се вари за време од околу 20 минути. Откако сте го свариле исцедете го.
  2. Морковите исчистени и измиени се сечкаат на кругови, а потоа се ставаат на малку маслиново масло да се пржат околу 5 минути при што треба постојано да мешате за да не дојде до нивно загорување.
  3. Во садот во кој се пржат морковите се налева вода (околу половина литар, а по потреба слободно додадете) и се динстаат околку 20 минути за да омекнат и водата да испари.
  4. Потоа во садот се додава исцедениот ориз, зачините, сечканиот босилек и павлаката.
  5. На крај уште кратко време се меша врз исклучена рингла, додека павлаката се измеша со состојките и малку згусти, односно додека прилогот стане кремаст. Веднаш потоа се трга од оган.
  6. Кремастиот прилог од ориз и моркови најдобар е кога се служи топол.

По желба може да додадете и малку грашок од конзерва. Тој е веќе термички обработен, па може да го додадете заедно со оризот. Често пати немаме свеж босилек, па може и без него. Веќе го има како сув во мешавината италијански зачини и по желба и вкус можи да си додадете сув или доколку некој посакува, наместо свеж босилек можи да стави магдонос.

На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: