печени компири

Печени компири на медитерански начин

Сите обожаваме крцкави компири во комбинација со салата или доматен сос. Голем број од нас, компирите ги приготвуваат со пржење, а припремени на овој начин содржат многу калории и не се здрави за консумација.

Затоа ви предлагаме одличен рецепт за печени компири на медитерански начин, кои се приготвуваат со малку маслиново масло, а се збогатени со убавите ароми на оригано и лук. Посно, вегетаријанско, без глутен и здраво!

печени компири

Состојки:

  • 1 кг млади компири
  • свежо цеден сок од 1 лимон
  • 2 лажички маслиново масло
  • 1 лажичка оригано
  • ¼ лажичка мелен црн пипер
  • ¼ лажичка сол
  • 2 чешниња лук
  • вода по потреба.

Подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги и излупете ги. Секој компир пресечете го на 8 делови.
  2. Чешнињата лук ситно исечкајте ги.
  3. Во голема чинија ставете ги свежо цедениот сок од лимон, маслиновото масло, ориганото, црниот пипер, солта и ситно исечканиот лук.
  4. Парчиња компири извалкајте ги во подготвената смеса со лимонов сок и маслиново масло.
  5. Во намрсена тава за печење наредете ги компирите и додајте малку вода. Тавата со компири ставете ја во загреана рерна на 200 степени и печете ги за време од 45 минути, додека компирите омекнат. Потоа, тавата извадете ја од рерната и оставете ги компирите кратко време да се изладат.
  6. Топлите печени компири на медитерански начин послужете ги во комбинација со зелена салата или сос по желба.

Сподели: