Едноставна, здрава салата од ориз и зеленчук која лесно се припрема. Оваа салата од ориз изобилува со зеленчук во различна боја, што ја прави привлечна за сите, особено за малите деца. Салатата не содржи мајонез и е идеална за сите кои внимаваат на својата линија и здравје.

Состојки:
- 250 гр ориз
- 1 варен морков
- 50 гр црни маслинки
- 50 гр зелени маслинки
- 70 гр кисели краставички
- 70 гр маринирани печурки
- 70 гр грашок
- 90 гр шунка или печеница
- 90 гр кашкавал
- 3 лажици пченка
- 1 домат
- по вкус сол и маслиново масло
- 1 варено јајце за декорација
Подготовка:
- Оризот ставете го да вари во зовриена и посолена вода додека омекне. Потоа исцедете го и исплакнете го со ладна вода. Ставете го во длабок сад.
- Морковот, кашкавалот, шунката исечкајте ги и ставете ги во садот со оризот. Во садот додајте ги преостанатиот зеленчук, пченката, грашокот, сол и масло по вкус.
- Салатата убаво измешајте ја за да се соединат сите состојки. Садот покријте го со транспарентна фолија и ставете го во ладилник, за убаво да се излади салатата.
- Готовата салата од ориз послужете ја како ладно предјадење или како лесен самостоен оброк.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска