6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес 1

6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес

Иако, во минатото овесот се користел најчесто како сточна храна, денес како резултат на бројни и долгогодишни студии се дојде до заклучок дека тој е одличен извор на важни нутриенти кои се неопходни за човековото здравје. Па така, денс не само што тој нашироко се употребува во човечката исхрана, туку често пати се користи и како лек. Тоа не е ни малку чудно кога ќе се земе во предвид дека вкусниот појадок од овес содржи изобилство од минерали и витамини како јод, хлор, фосфор, натриум, силициум, железо,  магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, наицин, биотин и многу други витамини.

Овесот моментално се наоѓа на листата на 20 најздрави намирници. Се користи во облик на зрно, снегулки или во облик на млеко. Без разлика дали ќе го консумирате како утринска каша, слатка закуска или пак лесна вечера, овесот е супер храна која лесно ќе ги задоволи сите ваши потреби во секој дел од денот и ќе ве исполни со дополнително ниво на енергија. Изобилува со протеини, растителни влакна и ниско ниво на масти, па е одличен избор за сите оние кои сакаат да водат активен и здрав живот. Има многу причини зошто секој ден да го започнете со вкусна овесна каша, а ние во продолжение издвоиме само неколку од најважните здравствени придобивки од неговата редовна консумација.

6 причини зa секој ден да го започнете со појадок од овес 2

Овесот ја подобрува состојбата кај лицата со кардиоваскуларни заболувања

Антиоксидансите со кои изобилува овесот се корисни за лицата кои имаат срцеви заболувања, додека пак растителните влакна го намалуваат лошиот холестерол, без притоа да влијаат на добриот холестерол. Овесот содржи и лигнани, особено ентеролактон, кој исто така заштитува од срцеви заболувања.

Спречува констипација и ја олеснува перисталтиката на цревата

Овесот е богат извор на растителнии влакна и на тој начин помага во регулирањето на перисталтиката на цревата, а со тоа спречува појава на запек и констипација.

Помага во стабилизацијата на шеќерот во крвта

Овесот содржи сложени јаглехидрати кои го забавуваат претворањето на храната на едноставни шеќери, додека пак бета – глуканот го одложува падот на шеќерот во крвта пред јадење и го успорува порастот по оброкот. На тој начин, овесот помага да се стабилизира шеќерот во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 2.

Го намалува ризикот од канцерогени заболувања

Американското здружение за рак изјавило дека лигнанот исто така помга и во намалувањето на шансите за појава на канцер на дојка, простата и јајници.

Помага во намалувањето на вишокот телесна тежина

Овесот е нискокалорична храна која го успорува варењето на храната и дава долго чувство на ситост. Со тоа што ја намалува желбата за храна дирекно влијае врз процесот на слабеење. Исто така, содржи и холецистокинин, ензим кој се бори со чувството на глад. Поради тие причини овесот често се препорачува во многу диети и режими на исхрана, а дозволен е да се консумира и во популарната хроно диета.

Го подобрува имунолошкиот систем

Овесот содржи бета глукан кој помага неутрофилите побрзо да патуваат до местото на инфекцијата, истовремено зголемувајќи ја нивната способност за елиминирање на штетните бактерии кои се наоѓаат таму.

Повелете неколку предлог рецепти со овес:

Ви препорачуваме да прочитате: 10 причини кои ќе ве поттикнат да јадете овес.

Сподели: