Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.
Дали знаете дека вашето омилено суво овошје може да го направите дома, користејќи ја рерната? Методот за подготовка на сушено овошје е едноставен и се прави така што овошјето се загрева на ниска температура, со што се овозможува водата да евапорира, а шансите за раст на бактериите и расипување се минимални.
Ако правите приватна забава, чекате роденден или имате некоја друг повод за славење и ви треба лесен, освежителен и вкусен летен пијалак, ви предлагаме да направите бела сангрија. Фантастичната комбинација од свежо овошје и бело вино ќе го задоволи сечиј вкус, а вие сигурно ќе добиете пофалби за пренесувањето на вкусот на Шпанија на вашата забава.
Позната е изреката дека отровот се чува во мали шишенца, но во нив се чува и лек. Ова е посебно точно кога се работи за боровинки, бидејќи ова мало овошје ја помага работата на мозокот, ја омекнува сувата кожа, а исто така го спречува развојот на канцерогени клетки. Еве уште неколку причини зошто почесто треба да се препуштите на задоволството од боровинките.