Рибизлата е најлековита кога се јаде свежа, а исто така е одлична и за да направите домашен џем од рибизли. Претставува мало вкусно овошје, од кое може да се прават одредени специјалитети како што е овој џем.

Тешко е да се поверува дека во еден така мал и кревок плод како што е малата витаминска бомба рибизла може да има толкаво изобилство на витамин Ц. Рибизлата е овошје кое го зајакнува и го чисти организмот. Ја регулира работата на цревата, го забрзува опоравувањето после заболувања, а може да помогне и при тегоби предизвикани од реуматски болести и ишијас.
Модерното и декоративно сервирање на храната се повеќе станува навика и секој од нас се труди да направи не само вкусна туку и декоративна трпеза. Сигурно и вие се воодушевувате на прекрасните декорации од овошје кои ги има на различните свечености како свадби, коктел забави и роденден. Декорацијата на храната ја разубавува трпезата, а некогаш не се потребни многу намирници за да направите нешто интересно.
Како и нам, сигурно и вам, безброј пати ви се случило да насечете повеќе кришки јаболка од она што е потребно, па додека ги изедете тие веќе ја промениле бојата. Сега ќе може да заборавите на тој проблем. Прочитајте зошто исеченото јаболко ја менува бојата и како можете да спречите или да го успорите непосакуваното потемнување на јаболката.
Витаминот Ц, уште познат како аскорбинска киселина, припаѓа во групата на витамини растворливи во вода. Тој е потребен за нормален раст и развој, учествува во обновата на ткивата во сите делови од телото, помага во заздравувањето на коските, намалувањето на лошиот холестерол и нормализирањето на крвниот притисок.
Скапоценото вкусно овошје наречено брусница, потекнува од Северна Америка и е намирница која е повеќекратно корисна за нашето здравје. Благодарение на многубројните корисни материи кои ги има во својот состав, а го штитат организмот од разни болести, ова овошје е во центар на вниманието на експертите ангажирани во областа на храната и здравјето.