Домашно слатко од сливи 1

Домашно слатко од сливи

Овој е посебен рецепт за домашно слатко од сливи, а знаете ли зошто? Не ви е потребно специфичното варење во варова вода, а наместо тоа можете да го приготвите со помош на сода бикарбона. Лесно за изведба во домашни услови!

Нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone ни раскажа како го направила. Таа рече „Пробав  прво со помала количина и помислив, ако се покаже добро ќе направам уште една доза. Треба да ја растворите содата, а потоа во тој раствор кратко се потопуваат сливите, за околу 15-30 минути. Потоа слаткото се готви на класичен начин и можам да ви кажам дека овој експеримент се покажа одлично“.

Домашно слатко од сливи 2

Состојки:

  • 1 кг исчистени сливи без семки
  • 1 кг шеќер
  • 200 мл вода
  • 1 лимон.

За потопување:

Подготовка:

  1. Сливите измијте ги и исчистете ги од семките.
  2. Растворете ја лажицата сода бикарбона во ладната вода, а потоа во неа потопете ги исчистените сливи.
  3. Во поголемо тенџере ставете го шеќерот и водата, додајте го лимонот исечен на кругови и кратко проварете за шеќерот да се стопи.
  4. Исчистеното овошје измијте го со ладна вода и ставете го во тенџерето со сирупот.
  5. Варете 20-30 минути, без бешање. Само повремено протресете го тенџерето, за да се распоредува пената која ќе се појави.
  6. Кога сирупот е густ како мед, а овошјето ќе стане убаво и проѕирно слаткото е готово.
  7. Во текот на варењето или на крајот, отстранете ја пената која се насобрала на површината, а за тоа да е полесно протресете го тенџерето за да се собери на едно место.
  8. На крај, наполнете ги теглите, а за поубав изглед во секоја ставете од круговите лимон.
  9. Теглите добро затворете ги и чувајте ги на ладно и темно место. Од оваа мера ќе добиете најмалку 2-3 поголеми тегли слатко.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно слатко од дуњи.

Сподели: