Пињоли - изобилство од полновредни протеини и здрави масти 1

Пињоли – изобилство од полновредни протеини и здрави масти

Пињоли се плодови од бор од родот Pinus, а покрупните примероци се употребуваат како храна. Плодовите од бор (во главно од Pinus monophylia и Pinus edulis) во Северна Америка се собирале уште пред 10 000 години, додека во медитеранското подрачје (Pinus pinea) се употребуваат околу 2000 години.

Борот кој се користи во медитеранското подрачје е висок 6-12 метри, а потребни се 15-тина години за да почне да развива поголеми кукулички. Добрата страна на овој факт е тоа што едно стебло може да биде продуктивно околу 100 години. Бербата на пиљолите се одвива рачно, а кукуличките се сушат за нивните лушпи да се отворат. Потоа, семенките со лушпите се отстрануваат рачно или механички и така се доаѓадо семенките наречени пиљоли.

Пињоли - изобилство од полновредни протеини и здрави масти 2

Енергетска и нутритивна вредност

Пињолите спаѓаат во групата на јаткасти плодови кои се одликуваат со својствена арома, висока содржина на масти и полновредни белковини. Освен тоа, содржат и микроелементи и витамините кои се раствораат во масти.

Како единица која се препорачува за сервирање на пињоли се зема 30 грама, а енергетската вредност изнесува околу 200 kcal.

Во споредба со другите лековити јаткасти плодови, утврдено е дека пињолите се исклучително богати со белковини (23.7%), витамини и минерали. Слично како и житариците, јаткастите плодови се дефицитарни со есенцијални аминокиселини лизин. Како и мешунките, така и млечните производи, поволно е да се земаат заедно со оревести плодови.

Од витамините, во пињолите има најмногу од витамините А, Ц, Д, Е, тиамин, рибофлавин, ниацин, а од минералите железо, магнезиум, фосфор, цинк и селен.

Ви препорачуваме да прочитате: Јаткасти плодови – корисна храна за цел организам.

Сподели: