енергија

5 важни совети за да имате енергија преку цел ден

Често луѓето се жалат дека се исцрпени, немаат доволно енергија или пак нивото на енергија им варира горе – долу. Ви нудиме 5 важни совети и некои едноставни корекции во исхраната, кои допринесуваат да имате стабилно ниво на енергија во подолг временски период.

Помогнете му на клетките да произведуваат енергија

Постои една супстанца која го поттикнува производството на енергија во клетките, вклучувајќи ги и оние кои се потребни за подобро функционирање на мозокот. Тоа е коензимот Q10. На жалост, со стареењето или со болест, настанува недостаток на овој нутриент во телото. Затоа треба да се внесува преку храната. Посебно добар извор се мешунките како леќата, гравот и сојата, а исто така и јаткастите плодови.

Јадете на секои 2-3 часа

Кога сме во брзање, често ни се случува да помине многу време помеѓу оброците. Тоа многу влијае на нивото на енергија. За да го одржиме нивото на енергија константно, неопходно е да ја спречиме осцилацијата на шеќерот во крвта, затоа што ако тоа се случи доаѓа до хормонска реакција која предизвикува еден момент да се чувствуваме добро, а наредниот исцрпено. Најдобар и најлесен начин да се одржи константно ниво на шеќер во крвта е да јадеме на секои 2 до 3 часа. Тоа не значи дека на организмот му е потребна многу храна, напротив доволно е нешто да грицнете како свеж зеленчук или овошје.

енергија

Обезбедете доволно цинк со исхраната

Цинкот е вклучен во многу хемиски реакции кои се поврзани со генерирање на енергија во телото, па внесувањето на доволни количини на цинк преку храната е многу важно за енергијата. Цинкот е неопходен за здравјето на крвта, коските, мозокот, срцето, црниот дроб и мускулите. Како да внесете доволно цинк? Консумирајте секојдневно некои од квалитетните намирници кои се богати со цинк:

Внесете доволно витамин Б

Оние се суштински важни за производството на енергија. Важно е да го знаете следното: колку повеќе стрес доживувате, толку повеќе витамини губите од организмот. Затоа секојдневно консумирајте намирници кои се богати со овие витамини. Најдобри извори се:

Вклучете протеини во секој оброк

Можеби денес штом се зборува за протеини одма се мисли на месо, но тоа е погрешна претстава. Има многу други и многу здрави извори на протеини како: семки од тиква и сончоглед, леблебии, леќа, авокадо, ореви и бадеми. Протеините постојано ослободуваат енергија во текот на денот, а тоа помага нивото на шеќер да не падне нагло. Така, штом ви се грикца нешто наместо чоколадни колачи изберете сончоглед, ореви, бадеми…

Ви предлагаме да прочитате: 10 совети да бидете енергични наутро.

Сподели: