Кељ - здрав зеленчук за кој недоволно знаеме 1

Кељ – здрав зеленчук за кој недоволно знаеме

Листестиот зеленчук кељ и припаѓа на истата фамилија на зеленчуци како брокулата и карфиолот, но за разлика од нив сигурно многу поретко се употребува и многу поретко се зборува за неговите одлични својства.

Веројатно сте слушнале дека брокулата е исклучително здрав зеленчук и има многу добри ефекти на нашето здравје. Така, ако кељот не ви звучи толку познато, во продолжение прочитајте повеќе за тоа што тој има да му понуди на нашиот организам.

Кељот може да го подобри нашето здравје

Кељот е богат извор на антиканцерогени, антиоксидантни и антивоспалителни материи што значи дека не штити од напади од слободните радикали, ги ублажува воспаленијата и превенира појава на малигни заболувања. Ппоради тоа што има својство да го намалува нивото на холестерол во крвта, кељот е одличен пријател на нашето срце и крвните садови.  Овој зеленчук помага и во отстранување на штетните токсини од нашиот организам (детоксикација).

Кељ - здрав зеленчук за кој недоволно знаеме 2

Кељот е одличен извор на важни нутриенти

Содржи малку калории, а изобилува со огромни количества на витамините А и К. Исто така содржи и големи количини на витамин Ц. Други нутриенти кои може да се најдат во добри количини се: витамин Б6, растителни влакна, манган и омега-3 масни киселини.

Како се подготвува кељ и во кои количини да се консумира

Препорачливо е барем  2-3 пати во неделата да се јаде зеленчук од фамилијата на зелки (кељ, брокула, карфиол, зелка), а притоа неговата количина во еден оброк би требала да изнесува околу 1-1,5 чаша зеленчук. Кељот може да го подготвувате во комбинација со разни јадења. Притоа најпрво измијте го со ладна вода, исечкајте го, па можете да го обарите (5 минути се сосема доволно), да го додадете во салата, во печен ориз, како гарнир на разни специјалитети. Можете да го зачинете со сок од лимон или малку сол.

Нутритивна вредност на кељ

100 грама кељ содржи:

  • Калории: 50ккал (2% од ДПП)
  • Витамин А: 15376 ИЕ (308% од ДПП)
  • Манган:  0,8мг (39% од ДПП)
  • Витамин Ц: 120мг (200% од ДПП)
  • Витамин К: 817мкг (1021% од ДПП)
  • Омега 3-масни киселини:   180мг.

Автор: Маја Велковска.

Сподели: