улога на железо

Улогата на железото за здраво тело и здрав дух

Анемијата е честа појава за која многумина знаат дека е предизвикана од недостаток на железо во организмот. Но, железото не е само составен дел од црвените крвни клетки, туку тоа извршува уште многу други важни функции во нашето тело. За улогата на железото во организмот прочитајте повеќе во текстот кој следува.

Железото е дел од секоја клетка на телото и има огромна улога во создавањето на силен имунолошки систем. Организмот не произведува железо, туку го апсорбира преку тенкото црево. Еве зошто е важно да се одржува нивото на железо во организмот во оптималните граници.

улога на железо
  1. Железото ни е потребно за транспорт на кислород во телото. Железото е потребно за да се синтетизира хемоглобинот (составен дел на црвените крвни зрнца), кој е главен транспортер на кислород во организмот.
  2. Овозможува контракција на мускулите. Железото е потребно за транспорт на кислород и за правилна контракција на мускулите и токму поради ова, слабоста во мускулите е еден од честите симптоми на анемијата.
  3. Мозочна функција. Добрата циркулација во мозокот и снабденоста со кислород исто така се многу важни за правилна мозочна функција и за превенција од Алцхајмерова болест и деменција.
  4. Регулација на телесната температура. Железото помага во одржување на нормална телесна температура што овозможува правилно одвивање на метаболичките и ензимските процеси.
  5. Синтеза на невротрансмитери (супстанци кои служат за комуникација помеѓу нервните клетки). Железото има важна улога во процесите на синтеза на невротрансмитерите како што се: допамин, норепинефрин, серотонин.
  6. Имунитет. Железото исто така го зајакнува и имуниот систем на човекот бидејќи и за процесот на оздравување е неопходен кислородот кој се транспортира со помош на железото.
  7. Ензимски системи. Железото е активатор на многу ензими и со самото тоа е клучен елемент за одвивање на разни важни процеси во нашето тело.
  8. Железото исто така помага и за подобрување на концентрацијата и за правилен енергетски метаболизам.

Доколку имате недостаток од железо, прво мора да се зголеми внесувањето на црвено месо, црн дроб, риба, јајца, да се јаде зелен зеленчук, грав, грашок, интегрални житарици, темен мед кој е богат со железо, како и да се консумира храна богата со бакар бидејќи таа помага во апсорпцијата на железото – сирење, морска храна, кајсии, цреши, смокви, јајца.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате: Како да се надмине анемијата или недостатокот на железо во крвта?

Сподели: