непечена торта

Кремаста непечена торта со овошје

Е ова е вистинско уживање за секоја сезона. Одлична комбинација од крем, овошје и целуфки, споени во кремаста непечена торта.

И благодариме на Клара за споделениот рецепт, кој во првата прилика ќе го пробаме. Нема да ви одземе многу време за подготовка, а сигурни сме дека оваа фантастична торта ќе му се допадне на целото семејство. И што е најважно, нема печење!

кремаста непечена торта со целуфки

Состојки:

  • 2 1/2 паковање целуфки (околу 25 парчиња)
  • 750 мл млеко
  • 3 ќесички прашок за пудинг од шумско овошје (малини, јаготки, ванила, вкус по желба)
  • 8 – 9 лажици шеќер
  • 130 гр путер
  • 500 мл слатка павлака
  • по желба потпечени крупно мелени лешници
  • по желба капини (малини, јаготки, околу 2 грста).

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете 500 мл млеко да се вари. Во длабока чинија ставете ги прашокот за пудинг и шеќерот. Измешајте со лажица. Во чинијата додајте го преостанатото млеко и мешајте со лажицата за да се добие хомогена смеса.
  2. Штом млекото зоврие, во тенџерето додајте го разматениот пудинг. Континуирано мешајте за време од 3 до 5 минути, додека пудингот се згусти.
  3. Тенџерето тргнете го од оган и оставете го за време од 5 до 10 минути да се излади.
  4. Во пудингот додајте го путерот и добро измешајте со миксер за да се соедини смесата.
  5. Пудингот оставете го да се излади.
  6. Во меѓувреме изматете ја слатката павлака.
  7. Врз рамна површина на која ќе ја редите тортата, најпрво намачкајте една лажица од изматената павлака и убаво распоредете ја на секаде.
  8. Потоа наредете ги половината од целуфките и мачкајте со павлака за да не се лизгаат.
  9. Врз нив нанесете половина од пудинг кремот, па распоредете од овошјето.
  10. Над пудингот размачкајте половина од павлаката и потоа повторете ја постапката повторно, ред целуфки, слој од пудинг, овошје и на крај останатата слатка павлака измешајте ја со лешниците и премачкајте.
  11. Кремастата непечена торта оставете во фрижидер за добро да се стегни (најдобро да стои преку ноќ), а потоа може да уживате во сочните парчиња. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Непечена торта со ресани и крем банани.

Сподели: