Продолжуваме со најубавите празнични рецепти! Овој пат ви предлагаме да ги пробате празничните венци со цимет и портокал, по испробан рецепт од кујната на Лана.
На секоја свечена трпеза големо внимание привлекува нејзината декорација, токму затоа откако ќе ги припремите сите вкусни слатки и солени специјалитети, размислете како да декорирате трпезата на елегантен начин. Веруваме дека ќе уживате во предложените техники за декорација на салфетки и ви посакуваме среќни празници!
Деновите околу новогодишните празници се прекрасни, еуфорични и исполнети со радост, а посебно убаво е тоа што и самите можеме да придонесеме во бурата убави чувства и тоа во голема мера! Наместо да ви пречат дома, направете декоративни свеќници од чаши и вишокот од кујната ќе стане елегантен декоративен елемент во домот кој симболизира убаво расположение и празнични желби! 🙂