Доживејте го вкусот на италијанската кујна во вашиот дом, пробајте ги овие шпагети во кремаст песто сос! Ви го преставуваме и рецептот за популарниот песто сос кој се прави од босилек, пињоли и пармезан.

Знаете ли како ни дојде идејата за овие шпагети со павлака, сирење и корнишони? Ги сваривме шпагетите, а немавме многу време да приготвиме некој убав сос. На работната маса ја забележавме теглата со штотуку отворени кисели краставички и идејата се роди. Знаеме дека салатите со макарони и корнишони се многу вкусни, па рековме, ајде ќе ја направиме оваа комбинација.
Штом се спомне комбинација на мелено месо и сос веднаш пред очите се појавува асоцијација на превкусен оброк за тестенини со болоњезе сос. Толку сочен и богат вкус, рај за очите и за душата. Убави за да ги јадеме со семејството, пријателите, роднините, колегите, зашто нема кој не ги сака вака подготвените тестенини!