Шпагети со пармезан и лимон

Лесен рецепт за шпагети во сос од пармезан и лимон

Интересен рецепт за подготовка на шпагети во сос од пармезан и лимон кој нема да ви одземе многу време, а освен тоа и припремањето е многу лесно. Ако сакате да избегате од секојдневните вкусови на кои сите сме навикнале, ова е вистинскиот избор за вас!

Несекојдневниот и свеж рецепт за шпагети во сос од пармезан и лимон го најдовме на страницата Kuhinjica Mignone кај нашата пријателка Лана, па повелете прочитајте ја постапката за да може да си ги направите и вие дома.

Шпагети во сос од пармезан и лимон

Состојки:

  • 300 гр шпагети
  • 1 поголем лимон
  • 40 гр пармезан
  • свеж босилек
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете вода да се вари.
  2. Во зовриената вода ставете ги шпагетите да се варат. Техниката за најдобро варење на шпагети прочитајте ја тука.
  3. Додека шпагетите се варат направете го сосот. Свежиот босилек ситно исечкајте го.
  4. Лимонот прво измијте го и изрендајте ја кората и пармезанот, исто така.
  5. Додајте сол и црн пипер по вкус, како и малку маслиново масло за да се спои убаво смесата.
  6. Сварените и исцедени тестенини измешајте ги со припремениот сос. Декорирајте со ливчиња свеж босилек и неколку резанки од лимонова кора.

Едноставно и брзо припремените шпагети во сос од пармезан и лимон се освежителни и погодни за вкусување со сите членови на семејството. На здравје!

Сподели: