Кременадли во доматен сос - лесен рецепт во рерна 1

Кременадли во доматен сос – лесен рецепт во рерна

Многу вкусен и лесен рецепт за кременадли во доматен сос, затоа што кратко се припрема и сѐ се става во рерна! Идеално за сите кои имаат малку време, а сакаат да зготват вкусен ручек!

Може да ве интересира: Кременадли во кремаст сос со лук.

Кременадли во доматен сос - лесен рецепт во рерна 2

Состојки:

  • 8 кременадли (по желба без коска) од Агриа
  • 150 мл доматен сок (мелени домати или доматен сос)
  • 4-5 чешниња лук
  • 100 мл масло
  • 150 мл вода
  • 2 лажици соја сос
  • 1 – 2 лажички сол по вкус
  • 1 лажиче мелен црн пипер
  • 1 лажиче сув магдонос

Прилог:

  • пире од компир или свежа сезонска салата по желба.

Подготовка:

  1. Во сад подгответе го сосот од домати со ситно сечканиот лук, маслото, соја сосот и водата. Измешајте.
  2. Во тавата за печење распоредете го поголемиот дел од сосот, а потоа наредете ги кременадлите врз него и посолете ги и зачинете ги со црн пипер и магдонос.
  3. Превртете ги од другата страна и исто така зачинете ги, па распоредете го одозгора остатокот од сосот. 
  4. Тавата покријте ја со алуминиумска фолија или капак и ставете ја во загреана рерна на 200 степени, 45 минути. Потоа, извадете од рерна, отстранете ја фолијата и превртете ги кременадлите од другата страна, па печете уште 20-30 минути без капак. 
  5. Готовите кременадли во доматен сос, послужете ги откако кратко ќе се изладат, а прилогот може да е пире од компир или свежа сезонска салата по желба. Кога сервирате, задолжителна препорака е да ги прелиете со сафтот кој останал од готвењето во тава. Така ќе извлечете максимум од вкусот, на здравје!

Совети плус:

  • По желба може да ги завртите 2 пати на 15 минути, откако ќе ја отстраните фолијата или капакот при печењето. 
  • Набавете свежи свински кременадли од Агриа и започнете со вкусен кулинарски предизвик. Свежото свинско месо може го најдете во месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) или Тинекс и Рамстор маркетите. Месото е со врвен квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна, па така го произведуваат највкусното свежо месо во Македонија.
Кременадли во доматен сос - лесен рецепт во рерна 3

Ви препорачуваме да прочитате: 5 грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на кременадли.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Агриа.

Сподели: