Време е за нови вкусови! Сигурни сме дека досега не сте пробале ваква крем чорба од пченка. Благодарение на Катерина и нејзиниот одличен рецепт, сега сите ќе може да направиме нов рецепт и да го почестиме семејството.
Ретко кој сака да фрла храна, па доколку ви остане лед од претходниот ден, зошто не би направиле кнедли? Ем ќе го искористите, ем ќе биде превкусен кога ќе го јадете. Вака припремените домашни кнедли од бајат леб се одлични како прилог за со месо, а може да ги употребите и како додаток за домашна супа.
Привлечната брокула се смета за вистинска ризница од витамини и хранливи материи. Нејзиниот совршен и софистициран изглед ги плени нашите сетила, одмор за очите и празник за усните. Па, ако сакате почесто да ја вклучите во исхраната, а не знаете како да ја приготвите, повелете листа од 7 лесни рецепти со брокула, за главно јадење, предјадење, тестенини и чорби кои ги припремија авторите на sezahrana.mk.
Рецептот за вкуснава крем супа од целер е старински и со векови го збогатувал менито на голем број семејства на Балканот. Денес, благодарение на нашата пријателка Лана од блогот Kuhinjica Mignone имаме одлична можност да погледнеме како изгледа резултатот од традиционалниот рецепт за кој во старите куварски книги порано немало фотографии. Уживајте во секоја голтка!
Здрава супа од моркови за сите генерации! Хранете се здраво и искористете ги хранливите состојки кои ни ги нудат морковите. Овој пат во нашата кујна приготвивме вкусен рецепт за крем супа од моркови и компири, збогатена со куркума и магдонос. Направете ја и уживајте во нејзиниот кремаст вкус заедно се семејството и пријателите.