Посна крем супа со лук 1

Посна крем супа со лук

Поснa и кремастa со посебен вкус! Богат вкус на зеленчук и арома на лук. Оваа посна крем супа со лук спаѓа во групата на едноставни јадења кои претставуваа лесен оброк, па да ја пробаме!

Срдечно и заблагодаруваме на Невена за нејзините бројни посни рецепти за супи, а во таа насока ви предлагаме да го погледнете и рецептите за: посна чорба од компири и праз и посна крем супа од тиква и зеленчук.

posna krem supa so luk 2

Состојки:

  • 8 чешниња лук со средна големина
  • 750 гр компири
  • 1 среден морков
  • 1 гранче магдонос
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 6 лажици маслиново масло
  • 1,2 л вода
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и излупете ги компирите, морковот и лукот и исечете ги на ситни парчиња.
  2. Ставете ги во тенџере и додајте ја водата, магдоносот, коцката за супа и маслото.
  3. Оставете ги да се варат околу 15 – 20 минути додека зеленчукот омекне.
  4. Потоа тенџерето тргнете го на страна и изблендирајте го зеленчукот (може со со рачен блендер) да се добие изедначена смеса.
  5. Пробајте ја и ако е потребно додајте сол и црн пипер по вкус, а по потоа вратете ја на оган да повари уште неколку (3-4) минути.
  6. Готовата посна крем супа послужете ја топла со лепче и кисели или свежи пиперчиња.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна крем чорба од брокула.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: