Велигденски јајца со ластичиња

Велигденски јајца со ластичиња

Направете прекрасни Велигденски јајца со ластичиња. Многу се декоративни, необични и потполно несекојдневни, а техниката на изработка не е воопшто тешка, напротив претставува вистинско уживање!

За декорација на Велигденски јајца со ластичиња потребно е:

  • тврдо варени јајца
  • поголем сад наполнет со топла вода
  • 1-2 лажици бела киселина
  • бои за јајца
  • ластичиња.

Подготовка:

  1. Прво припремете ја течноста. Во садот со вода, додајте ја бојата, а потоа и киселината. Прекрасно декориранитe Велигденски јајца со ластичиња, можете да ги направите како што ќе сакате, во една или во повеќе бои.
  2. Еден од начините е да добиете јајце во повеќе нијанси. Земете едно варено јајце и ставете го најсветлата боја, треба да стои кратко време. Потоа оставете го јајцето да се исуши.
  3. Кога бојата ќе биде исушена околу јајцето ставете ластичиња, но оставете простор меѓу нив.
  4. Потоа јајцето со ластичињата ставете го во друга потемна боја  (можете во ист или различен сад).
  5. Извадете го јајцето од втората бојата и оставете го да се исуши. Отстранете ги ластичињата и оставете го јајцето уште некое време за добро да се исуши бојата.

По желба можете повторно да ставети ластичиња и да го ставите јајцето во трета боја. Оставете да се исуши и отстранете ги ластичињата. Така ќе добиете убаво декорирани Велигденски јајца со ластичиња во три бои. Доколку пак немате многу време или сакате поедноставна декорација, можете белото варено јајце да го врзите со едно или повеќе ластичиња и да добиете бели линии и еднобојно обоено јајце.

Во видео прилогот детално се прикажани чекорите на постапката за изработка, а откако ќе го погледнете ќе сфатите колку е лесно и уште повеќе интересно боењето на јајцата на овој начин.

 

Сподели: