Глад или емоции? Дали повеќе јадеш под стрес, од здодевност или кога си тажен или среќен? Ако одговорот е „да“, продолжи со читање. На оваа интересна тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска, која споделува практични совети како да го препознаеме емотивниот глад и што може да помогне.
Емотивниот глад може да доведе до прекумерен внес на калории, нарушување на работата на дигестивниот систем и чувство на вина по оброкот. Ти се случило ова?

Како да го препознаеме емотивниот глад?
Емотивниот глад се разликува од физичкиот по неколку карактеристики:
- Се јавува одеднаш и силно, најчесто за одредена храна како чоколадо, слатки или грицки.
- Не е поврзан со времето од последниот оброк – можеш да си сит, а сепак „сакаш“ да јадеш.
- Често е реакција на стрес, емоционални ситуации или здодевност, а не вистинска потреба за хранливи материи.
5 важни совети за намалување на гладот
1. Пиј доволно вода
Телото често го меша жедот со глад. Пред да посегнеш по храна, испиј чаша вода и почекај неколку минути.
2. Вклучи растителни влакна во исхраната
Исхраната сиромашна со растителни влакна го зголемува гладот. Намирници богати со растителни влакна се зеленчукот, овошјето и интегралните житарки.
3. Глукоманан – природна поддршка за намалување на гладот
Глукомананот е растворливо растително влакно кое, кога се меша со вода, создава гел во желудникот и го намалува чувството на глад. Помага:
- Да се избегне прејадување;
- Корисен е за одржување или намалување на телесната тежина (во комбинација со енергетски ограничена диета);
- Придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол.
Глукомананот е достапен во аптеките, а може да се набави со 50% попуст преку онлајн продавницата на vitamini.mk со бесплатна достава.
Кликни тука и нарачај Glucomannan со 50% попуст и бесплатна достава.

4. Практикувај свесно јадење
Јадеш ли во брзање? Време е да ја промениш таа навика. Јади полека, посвети внимание на вкусот и текстурата на храната. Свесното јадење помага да се слушне телото и да се препознае кога сме навистина сити.
5. Препознај ги емоциите
Пред да јадеш, прашај се: „Дали навистина сум гладна или емоционално реагирам?“
Запиши ги моментите кога јадеш поради емоции и обиди се да најдеш алтернативни начини за справување со стресот, како:
- Прошетка
- Медитација
- Разговор со пријател.
Малите чекори во секојдневието, како редовна хидратација, внес на влакна и глукоманан, свесно јадење и препознавање на емоциите, можат значително да помогнат во контрола на гладот и подобрување на општото здравје.
Може да те интересира: Водич за намалување на гладот и полесно слабеење – изработен во соработка со Д-р Нела Деспотовска.
Текстот е овозможен од vitamini.mk.
