Едноставен рецепт за кисела зелка - расол 1

Едноставен рецепт за кисела зелка – расол

Скоро и да нема семејство во Македонија во кое преку зимата не се подготвуваат разни јадења со кисела зелка – расол. Има многумина кои го обожаваат традиционалниот вкус на овие јадења и по тој повод ние споделуваме со вас добар рецепт кој со децении се пренесува од генерација на генерација.

Оние кои го пробаа ни потврдија дека е феноменален, а ако сеуште не знаете како да направите најдобра кисела зелка – расол, пред вашите очи е токму вистинскиот рецепт. Потребни ви се само 3 состојки.

Едноставен рецепт за кисела зелка - расол 2

Состојки:

  • 20 кг зелка
  • 1 кг сол
  • 30 литри вода.

Подготовка:

  1. Најпрво зелките исчистете ги, па со остар нож издлабете им го средишниот дел , односно делот кој продолжува од коренот до внатрешноста на зелката.
  2. Во издлабениот дел на секоја зелка наполнете со сол, па една по една наредете ги во чисто (пластично) буре.
  3. Во поголем сад турете ја водата и додајте ја преостаната сол. Добро измешајте ја течноста и турете ја во бурето во кое сте ги наредиле зелките.
  4. Најгоре ставете камен со плочеста форма, за да ги притиска зелките надолу.
  5. Третиот ден преточете ја течноста, а потоа правете го тоа на секои два дена. Тоа значи дека треба да ја извадите солената вода од бурето за да се размеша солта и повторно да ја вратите назад истата течност.
  6. Потоа оставете расолот убаво да се закисели. По околу 2 недели киселата зелка е спремна за употреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен мазник со кисела зелка.

Сподели: