Резанци во медитерански сос со фета сирење Олимпус 1

Резанци во медитерански сос со фета сирење Олимпус

Почувствувајте го мирисот и вкусот на Медитеранската кујна во вашиот дом! Пригответе резанци во медитерански сос со оригинално грчко фета сирење за многу кратко време и на едноставен начин. Тајната за приготвување е во состојките, па ќе ви откриеме кои намирници ги користевме.

Главната состојка која го исполнува медитеранскиот вкус на јадењето е оригиналната грчка фета Олимпус, која може да се најде како ексклузивен производ само во Веро маркетите. Исто така, за комплетно постигнување на совршениот вкус користевме маслинки каламата, свеж босилек, маслиново масло и јогурт. А, за да заштедиме на време ги избравме вкусните резанци Ориент Експрес кои се варат за 2 до 3 минути. На вас останува да посетите некој од Веро маркетите и да си ги набавите сите состојки за овој супер вкусен ручек за целото семејство. Освен тоа, фета сирењето Олимпус овој период има акциска цена, па вреди да се проба овој рецепт!

Резанци во медитерански сос со фета сирење Олимпус 2

Состојки:

  • 300 грама тестенини Ориент Експрес

За медитерански сос:

  • 100 грама оригинално грчко фета сирење Олимпус
  • 50 грама мисиркино чадено филе
  • 6 листови свеж босилек
  • 4 до 5 сечкани маслинки каламата
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица брашно
  • ½ чаша млеко
  • ½ чаша јогурт
  • ½ чаша од течноста во која се вареле тестенините
  • хималајска сол
  • мелен црн пипер.

За декорација:

  • 8-10 сечкани маслинки каламата
  • 100 грама оригинално грчко фета сирење Олимпус
  • свеж босилек.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете 3 литри вода да се вари. Штом водата ќе зоврие, во тенџерето додајте ги резанците. Варете ги за време од 3 минути. Варените резанци исцедете ги, а притоа, задржете 1 чаша од течноста во која се вареле резанците.
  2. Фета сирењето изрендајте го на покрупната страна на рендето, па така изрендано ставете го во сад.
  3. Мисиркиното филе исечкајте го на тенки ленти.
  4. Босилекот исечкајте го ситно.
  5. Во тава на оган, на умерена температура ставете 1 лажица маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканото мисиркино филе и пропржете го околу 1 до 2 минути. Потоа, извадете го во чинија.
  6. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете 1 лажица маслиново масло и 1 лажица путер. Мешајте додека путерот се растопи. Во тенџерето додајте го брашното и мешајте со жица за матење за да се добие хомогена смеса. Потоа, во тенџерето додајте го млекото, јогуртот и ½ чаша од течноста во која се вареа тестенините. Мешајте со жицата додека сосот се згусти.
  7. Во тенџерето додајте ги чаденото мисиркино филе, сечканите маслинки и ренданото фета сирење. Посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Измешајте за да се добие хомоген сос. Во тенџерето додајте ги варените резанци и ситно сечканиот свеж босилек. Повторно измешајте и тргнете го од огнот.
  8. Во чинии сервирајте од топлите резанци со медитерански сос. Декорирајте со коцки фета сирење, сечкани маслинки и свеж босилек. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Како да зготвите совршени шпагети?

Сподели: